ВИДЕО: Енис Барди влезе од клупа и веднаш погоди од пенал за Трабзонспор!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го постигна петтиот гол сезонава во дресот на Трабзонспор.

На дуелот од 27. коло во Суперлигата на Турција, Трабзонспор на домашен терен игра со Кајсериспор.

Барди влезе во игра во 46. минута од средбата, при водство на гостите од 1-2. Кајсери во вториот дел дојде и до предност од 1-3, но потоа следеа два погодоци на Трабзонспор за 3-3. Вториот во 54. минута дело и на Енис Барди кој од пенали погоди за израмнување на натпреварот.

Ова е петти погодок за Барди во дресот на Трабзонспор сезонава.

Се вчитува...