ВИДЕО: Снежната драма во Битола – Гешоски се разигра, но Емре Чан со сомнителен гол донесе реми за Шкупи!

Крајно драматичен натпревар одиграа Победа и Шкупи, под снежни услови, денеска во Битола на крајот ремизирајќи, 3-3.

Шкупи дојде до брзо водство од 0-2, со головите на Типуриќ во 5. минута и Адем во 7. минута…

Но, Победа се врати во игра преку Филип Најдовски во 43. минута со голот од пенал…

За да во вториот дел, комплетен пресврт и водство од 3-2 со два погодоци донесе искусниот Благоја Гешоски кој во игра влезе во второто полувреме.


Но, радоста на прилепчани беше скратена во 88. минута кога најновото засилување на Шкупи, Турчинот Емре Чан од крајно сомнителна офсајд-позиција донесе израмнување за конечни 3-3.

Прилепчани протестираа кај главниот судија Димитар Мечкаровски, но сето тоа залудно. Голот на Емре Чан беше признат, а Победа остана со два бода помалку.

Се вчитува...