ВИДЕО: Спектаклот на „Рибари“ во 100 секунди – 30 години верна поддршка на охридските спортски колективи

Навивачката група „Рибари“ од Охрид викендов го одбележа својот 30-ти роденден. Вистински спектакл приредија најверните навивачи на охридските спортски колективи, притоа со пиротехничко шоу на кејот на езерото, бројни дефилеа низ улиците на нашиот најголем туристички центар и промоција на нова навивачка песна – „Рибарска рапсодија“, чиј автор е Горан Момир а во изведба на Јован Куцин заедно со навивачите, на полувремето од ракометното дерби помеѓу Охрид и Пролет.

„Рибарите“ без сомнение веќе три децении се заштитен знак на Охрид. Начинот на кој го одбележаа својот јубилеј погледнето го низ видео материјалот од 100 секунди како вечен сведок за љубовта која ја неговите за спортот во Охрид.

Се вчитува...