ВИДЕО: Свадбениот танц на Никола Јокиќ, на песна од Балашевиќ

Никола Јокиќ ја искористи паузата во НБА-лигата за да заплови во брачните води, па српскиот кошаркар синоќа организираше свадба со мал број на гости, согласно здравствените протоколи. Јокиќ седум години беше во врска со Наталија Мачешиќ, која неодамна го кажа „судбинското ДА“, по што двојката реши да ја одржи свадбата дури и во корона-услови.

Специјализираниот кошаркарски портал „Еурохупс“ објави видео од свадбениот танц на Јокиќ (на песната Рингишпил од Ѓорѓе Балашевиќ), со наслов: Никола Јокиќ игра и пее, најдоброто нешто што ќе го видите денеска…

Се вчитува...