Вистинско шоу на Меси и Суарез за убедлива победа на Интер Мајами (ВИДЕО)

Лионел Меси и Луис Суарез приредија вистинско шоу во победата на Интер Мајами од 5-0 против Орландо во МЛС лигата.

И двајцата постигнаа по два гола, за новата победа на Интер на стартот од сезоната во која досега има седум бода од три натпревари.

Првите два гола на мечот беа дело на Суарез во 4. и во 11. минута, а потоа асистираше во 29. минута за голот на Тејлор за 3-0.

Второто полувреме, пак, беше во знакот на Меси кој погоди во 57. минута и во 62. минута за конечни 5-0, а на асистенција на Суарез.

Се вчитува...