Владата на Република Македонија на денешната седница го разгледа и утврди текстот на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за спорт, предложен од Министерството за правда, а поврзан со ваучер-системот.
Предлог законот сега ќе влезе во собраниска процедура, каде што ќе треба да биде изгласан за да стапи на сила.
„Предлог измените на Законот за спортот се однесуваат на обезбедување финансиски поттикнувања по основ на директна државна помош за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти, кои имаат решение за вршење дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво во нашата земја и остварување на подобри резултати, како во домашни рамки така и на меѓународно ниво“, се вели во владиното соопштение.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА