Владата со нова одлука: На стадион зелено светло за 50% од капацитетот

Владата на денешната седница донесе нова одлука поврзана со присуството на публика на фудбалските стадиони. Со неа, наместо досегашните 30%, ќе биде дозволено присуство на навивачи во бројка од максимум 50% од вкупниот капацитет на стадионите.

Се уште останува на сила истата мерка кога станува збор за сертификатите, зелено светло за влез на фудбалските арени ќе има само за оние кои ќе имаат потврда за најмалку една доза примена вакцина, како дел од мерките и акцијата за масовна вакцинација на територијата на целата држава.

Се очекува овие мерки да важат и за наредниот месец, кога македонската репрезентација ќе одигра две домашни средби во рамките од квалификациите за СП 2022, против селекциите на Ерменија и на Романија.

Се вчитува...