Вложи 10 фунти на Трамп, а за добивка чекаше 21 година

Британскиот новинар Нил Морис знае да препознае таленти, бидејќи уште пред 21 година најавил дека Џад Трамп еден ден ќе стане светски шампион во снукер.

Британецот во 1998 година во еден снукер клуб, го видел тогаш 8-годишниот Џад, како игра на локален турнир против неговиот 12 годишен син и во него препознал голем талент. Отишол во обложувалница и побарал да му биде даден коефициент дека младиот Џад Трамп до својата триесета година ќе стане светски шампион. Обложувалницата му дала коефициент 1 000, а тој вложил 10 фунти.

Трамп стана голем снукер играч, а Морис за малку ќе ги добиеше парите уште во 2011 година, кога Трамп во големото финале во театарот „Крусибл“ загуби од Џон Хигинс. Осум години подоцна Трамп му се реваншираше на истиот противник, и со победата од 18-9 стана светски шампион со 29 години, односно три месеци пред да наврши 30 години, што на Морис му донесе заработка од 10 000 фунти.

Се вчитува...