Во Македонија одржан камп за млади пингпонгари под водство на Словенецот Јоже Урх (ФОТО)

Првиот камп за млади од серијата шест кои ќе ги води словенечкиот тренер Јоже Урх се одржа изминативе денов во Скопје.

На кампот беа повикани 11 наши репрезентативци од различни клубови од Македонија.

Дел од нив (Моника Стајковска, Матеја Смолиќ, Фани Јованоска, Дарко Китановски, Мартин Ристески и Кристијан Каламадевски) веднаш по завршувањето на кампот тргнуваат за Сараево каде ќе учествуваат на турнирот „European Youth Series 2024“ во БиХ, кој ќе се одржува од денеска па до 3. мај, во поединечна категорија и во категорија на двојки. Играчите ќе ги води селекторот Милош Миленковиќ.

Се вчитува...