Волфсбург го назначи помошникот за в.д. тренер, три имиња во игра

Откако вчера Марк Ван Бомел доби отказ од тимот на Волфсбург, Бундеслигашот назначи в.д. тренер. Станува збор за помошникот на Ван Бомел, Михаел Фрончек кој ќе ја води екипата во следните денови.

Во меѓувреме, почнати се преговори со неколку имиња, а засега се издвојуваат тројца кандидати. Станува збор за Флоријан Конфелд, екс тренер на Вердер Бремен. Во комбинација за клупата на Волфсбург е и поранешниот тренер на Борусија Д. Един Терзиќ, и Доменико Тедеско.

Ван Бомел беше на клупата на Волфсбург само четири месеци и 13 натпревари, по што доби отказ, иако тимот имаше супер старт со три победи, но потоа влезе во сериозна криза, па регираа челните луѓе на „волците“.

Се вчитува...