Врањеш до Карлеуша: Не им прави зло на луѓето…

Огњен Врањеш не е од оние кои знаат да премолчат, па фудбалерот од БиХ уште еднаш се наврати на бурниот период и врската со Јелена Карлеуша, со која веќе извесно време води „војна“ преку медиумите во регионот.

„Баба-роги ми го свртеа светот наопаку, сакаа да ме уништат, но јас излегов посилен од сето тоа. Не очекував толкаво зло од луѓето, иако има такви кои ќе тврдат дека јас прв сум направил нешто лошо. Јас никогаш не сум сторил такво нешто, дури ни на неважни личности кои глумат криминалци на батерии, или некакви си „диви“. Ќе и порачам на таа „дива“ – гледај си ги своите деца, не нанесувај зло на луѓето“ – порача Врањеш.

Поради големиот скандал тој беше исфрлен и од репрезентацијата на БиХ од страна на селекторот Роберт Просинечки.

„Знаете што ги боли најмногу? Жалат што ме нема во репрезентацијата бидејќи немаат по кого да плукаат. Што и да се случеше, јас бев дежурниот виновник. Искрено ми е жал, мене репрезентацијата ми помогна да направам чекор напред во кариерата, сега сакав само да возвратам за тоа, но некои луѓе донесоа поинаква одлука. Како и да е, јас им посакувам се најдобро на репрезентативците на БиХ“ – вели Врањеш.

 

Се вчитува...