Вугринец ја побара за жена поранешната сопруга на Пеце Наумовски (ФОТО)

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец, Ренато Вугринец, по седумгодишна врска се одлучи да ја побара за сопруга екс-манекенката Сања Обрадовиќ.

46-годишниот Вугринец, во присуство на заеднички пријатели, во српскиот зимски центар Копаоник и понуди брак на 44-годишната Сања, која без размислување рекла ДА, сето тоа обзнанувајќи го на социјалните мрежи.

I said Yes?

Posted by Sanja Obradovic on Петок, 05 февруари 2021

Сања Обрадовиќ е поранешна сопруга на македонската кошаркарска легенда Петар Наумовски, со кого имаат и три деца. А со Ренато, како што изјавуваше претходно, Сања се запознала во Скопје додека тој настапуваше за РК Металург.

Вугринец по крајот на кариерата продолжи да живее во Скопје, сега со уште една причина повеќе за тоа. Вугринец, исто така зад себе има еден брак и три деца.

Се вчитува...