„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Џакомо Распадори влезе во одбрано друштво

Калчолигашот Наполи продолжува со одличните партии сезонава откако синоќа славеше и во четвртиот натпревар годинава во Лигата на шампионите.

„Наполитанците“ беа подобри од холандскиот шампион Ајакс со 4-2. Првиот погодок за италијанскиот гигант го постигна Џакомо Распадори.

Со овој погодок младиот Италијанец стана само третиот фудбалер од оваа земја кој на првите три натпревари во елитата постигнал погодок. Тој им се приклучи на Алесандро дел Пјеро и Фабрицио Раванели на кои ова им успеа во 1995 година.

Се вчитува...