„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Милан по 17 години првпат дава 4 гола на гости во ЛШ

Екипата на Милан со вчерашната победа од 0-4 над Динамо Загреб на Максимир, после 17 години првпат постигна четири гола на гости во ЛШ. Избраниците на Стефано Пиоли преку Габија, Леао, Жиру и автогол на Љубичиќ, стигнаа до триумф, кој им ги зголемува шансите за пласман во 1/8 финалето.

Последен пат Росонерите имаа 4 гола на гости во ноември 2005 година против Фенербахче. Досега во историјата Милан давал четири гола на гости на четири меча.

На Милан сега му треба само еден бод во последното коло со Салцбург на домашен терен, за да се пласира на 2. позиција во групата и да избори 1/4 финале.

Се вчитува...