ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА: Митровиќ е подобар стрелец и од Роналдо и од Меси

Голгетерот на српската репрезентација Александар Митровиќ, вчера во дуелот со Норвешка стигна до својот 50-ти гол во националниот тим. Митровиќ со головите кои ги постигнува, веќе избега напред и нема конкуренција на вечната листа на стрелци на Србија. Во моментов нема активен фудбалер кој може да го стигне неговиот рекорд.

Со овој погодок, Митровиќ покажа дека е подобар стрелец и од големите Роналдо и Меси. Митровиќ во својот 76-ти настап за Србија стигна до овој јубилеј, додека на Роналдо и на Меси им требаа над 100 натпревари за да стигнат до 50 голови во националните тимови на Португалија и на Аргентина.

Роналдо својот 50-ти погодок го постигна на 114-тиот настап за Португалија, додека Меси на својот 107-ми настап за селекцијата на „Гаучосите“.

Се вчитува...