ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – Најлошиот натпревар на Гвардиола во Манчестер Сити

Манчестер Сити и Арсенал ремизираа со 1-1 во дербито на петтото коло од Премиерлигата. „Граѓаните“ први стигаа во предност преку Халанд кој ја затресе мрежата во деветтата минута од средбата, а „топчиите“ се изборија за бод во судиското продолжение на второто полувреме.

Овој натпревар донесе и поразителна статистика за Пеп Гвардиола со оглед на тоа што со само 32.8 отсто посед на топката неговиот тим го одигра најлошиот натпревар под водство на шпанскиот стратег кога станува збор за овој статистички податок.

Тимовите предводени од Гвардиола традиционално се домиантни кога станува збор за посед на топката, но овој пат против Арсенал на неговиот ученик Микел Артета тоа не беше случајот.

Се вчитува...