Synergy Fitness & Spa веќе 2 години е синоним за мотивација и инспирација во трчањето. Модерниот начин на живот го инхибира вежбањето со динамиката која се наметнува. Сепак, здравиот живот и физичката активност го ослободуваат духот и даваат додатна енергија полесно да се надмине секојдневието.
Трките како полумаратонот „Трчаме кон целта“, кој традиционално се организира веќе 12 години ги охрабрува луѓето да се впуштат во тренирање кое овозможува сериозна детерминираност за надминување на динамиката на модерното живеење. Оваа година се организираат полумаратон од 21 км, трка од 5 км и детска забавна трка на 1 км. Трчаме кон целта започна на 08 април во 09.30 часот и за најдобрите на најтешката трка, полумаратонот, Synergy Fitness & Spa ги додели највредните подароци. За сите натпреварувачи на Трчаме кон целта се предвидени ваучери од 10% попуст.
Synergy Fitness & Spa ги зацврстуваат темелите на модерното живеење, поттикнувајќи ги луѓето да тренираат и со тоа да се енергизираат и да бидат среќни и задоволни.
Центарот е изграден со модерна и иновативна технологија која воведе нова ера во начинот на вежбање и спортски активности. Целта на Synergy е да им помогне на граѓаните да започнат да водат поздрав и поактивен стил на живеење. Посетителите вежбаат во фитнес сала комплетно опремена со Technogym опрема во која посебен систем за климатизација го прочистува воздухот и ја одржува најпогодната температура за тренирање.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА