Заниоло ја моли мајка си: Престани со „селфи“, соиграчите ме „убија“ од сеир

Николо Заниоло со одличните настапи во последните два месеци се промовираше во ново „чудо од дете“ во италијанскиот фудбал, но младиот ас на Рома се соочува и со неочекуван проблем – трпејќи сеир од соиграчите поради селфи-фотографиите што ги објавува неговата мајка.

41-Годишната Франческа Коста има над 160.000 следбеници на инстаграм-профилот, а бројката секојдневно се зголемува откако беше обелоденето дека таа е мајка на Заниоло. Дел од оваа бројка се фудбалерите на Рома, кои не пропуштаат да се пошегуваат со младиот ас при секое ново селфи на неговата мајка.

Заниоло дури и самиот коментира на фотографиите на мајка си: „Мамо, престани. Зошто правиш така со устата, па ти имаш 40 години“.

Коста сепак нема намера да престане со фотографирањето.

„Сега можеби е лут, но ќе разбере. Кога се видовме последен пат пред тренинг центарот Тригорија го повтори истото. Ме прашуваше зошто му го правам тоа, но јас не му правам ништо, само се однесувам онака како што јас сакам“ – истакнува оваа 41-годишна убавица.

 

 

View this post on Instagram

 

😊❤

A post shared by francescacosta (@frac77) on

 

View this post on Instagram

 

…la sfiga😌🤔😜

A post shared by francescacosta (@frac77) on

Се вчитува...