Заниоло ја откачи вереницата за романска „секс-бомба“ (ФОТО)

Николо Заниоло долго време е надвор од терените поради серијата тешки повреди, а новиот „бисер“ на Рома го искористи периодот надвор од фудбалот за промени и во љубовниот живот.

Тој реши да ја прекина врската со вереницата Сара Скаперота, за што главна виновничка е Романката Мадалина Генеа. Романската актерка е 12 години повозрасна од талентираниот фудбалер, успевајќи да го „залуди“ Заниоло.

За нивната врска италијанските медиуми шпекулираа повеќе од еден месец, но откако Заниоло раскина со Скаперота веќе стана јасно дека Мадалина е неговата нова љубов.

Се вчитува...