Започнува битката за шампионскиот трофеј: Ќе успее ли некој да го симне МЗТ Скопје од тронот?

Ќе успее ли некој да го симне МЗТ Скопје од тронот на македонската кошарка е најпоставуваното прашање оваа седмица. Последен кому му успеа тоа беше Работнички кој „сино-белата“ доминација ја прекина за момент во сезоната 2017/18, а иста шанса сега ќе имаат ТФТ, Пелистер и Еуро Никел.

Одбраната на трофејот за осумкратниот шампион започнува од СЦ „Јане Сандански“ (19 чаосот) и полуфиналната серија против ТФТ, против можеби и најнезгодниот противник за „сино-белите“ оваа сезона. Клубот од Тафталиџе веќе направи еден голем подвиг оваа година и ги порази аеродромци во финалето од Купот на Македонија, но многу работи оттогаш се променети.

МЗТ Скопје за Куп завршницата остана без услугите на Дастин Вер па се соочи со огромни проблеми во организацијата на играта, но сега позицијата на Американецот ја пополнува неговиот сонародник Бре Ајви кој се поклопи перфектно под водство на неговиот доскорешен тренер Алекснадар Петровиќ. Притоа ТФТ пред почетокот на плеј-офот се соочи со повреда на Бишоп па останува да видиме каков ќе биде одговорот.

Аеродромци ја имаат фаворитската улога против ТФТ, но „црно-белите“ се оние кои немаат што да загубат. Тимот од Тафаталиџе игра полетна кошарка, а доколку натпреварот влезе во висок ритам може да биде кобен по аеродромци. Во фокусот на денешната битка ќе биде „војната“ под одбрачите каде високите играчи на ТФТ ќе мораат да одговорат против „џиновите“, а овие да се обидат со поени од втора шанса да ги прекинат „контрите“ на избраниците на Смилевски и да донесат значаен придонес за својот тим.

Во вториот полуфинален натпревар силите ќе си ги одмерат Пелситер и Еуро Никел. Натпреварот во Битола започнува од 18 часот и 30 минути, а на него битолчани кои доминираа во поголемиот дел од регуларната сезона ќе треба да го потврдат својот статус – претендент за титула.

На избраниците на Илиевски воопшто нема да им биде лесно против вицешампионот кој и покрај тоа што игра промениво во големиот дел од сезоната во своите редови има играчи кои знаат како се добиваат вакви средби. Тоа воедно го докажаа и на последниот меѓусебен натпревар кога стигнаа до висока победа, но овој пат битолчани играат на домашен терен, а очекувањата се полна сала.

За одбрана на домашниот терен на Пелистер ќе му биде потребна заштита на рекетот од високите играчи на противникот, а на Еуро Никел успорување на играта и одбивање на „пик“ ситуациите. Притоа двата тима ги краси висока реализација зад линијата 6,75 која целосно може да го промени зацртаното, па ќе биде интересно да видиме каков ќе биде одговорот доколку „фати шутот“ на двете екипи.

Се вчитува...