Заврши ли времето на Гатузо, Милан 34 години не бил во ваква криза

Милан не победи против Фросиноне на гости, а фудбалерите на Џенаро Гатузо не успеаја ниту да постигнат гол. И не е веќе шега, затоа што не постигнаа погодок на четири последовни натпревари, што на „росонерите“ не им се случило во последните 34 години.

На удар е тренерот Џенаро Гатузо, кој и претходно доби предупредување дека ќе мора да го врати тимот на победнички колосек доколку сака да ја задржи својата позиција. Многу лесно може да се случи тој да добие отказ, а на негово место како нов предводник на Милан се најавува францускиот стратег Арсен Венгер. Тој откри дека на почетокот на 2019 година ќе му се врати на фудбалот, откако си замина од Арсенал минатото лето.

Се вчитува...