Збогум за француската легенда, Ница му врачи отказ на Виера

Легендарниот фудбалер на Арсенал, Патрик Виера доби отказ во Ница, по две и пол години на чело на францускиот клуб. Тимот на Ница беше поразен од Леверкузен во 5. коло од Лигата на Европа и остана без шанса да ја помине нокаут фазата, па челниците на клубот решија да ја прекинат заедничката соработка.

Одлуката е донесена на состанок одржан веднаш по натпреварот, по што Управниот одбор ја известил француската легенда за раскинување на договорот.

Виера ќе биде заменет од Адриен Урсеа, поранешен помошник на Патрик.
Урсеа својот прв деби натпревар ќе го има овој викенд во недела, а неговиот тим ќе гостува во Ремс.

Се вчитува...