Жиру: Доста ми е од врвен фудбал, но нема да бидам турист во САД

Крајот на сезоната 2023/24 донесе и крај на една ера во европскиот фудбал откако францускиот голгетер Оливие Жиру на 37-годишна возраст се одлучи да замине од Милан и кариерата да ја продолжи во шампионатот на Соединетите американски држави каде ќе настапува за Лос Анџелес.

Французинот сега ја објави причината за заминувањето од Европа која вели дека е за доброто на неговото семејство.

„Чувствував дека е дојдено време да направам избор за доброто на семејството, да кажам „доста е“ за настап на многу, многу високо ниво. Но, нема да одам во МЛС како турист“, вели Жиру.

Жиру во богатата кариера настапуваше за Гренобл, Тур, Монтпелије, Арсенал, Челси и Милан.

Се вчитува...