„Жртвата“ на Роналдо се појави во јавност

Американката Кетрин Мајорга, која го обвини Кристијано Роналдо дека ја силувал, прв пат се појави во јавност по избивањето на големиот скандал.

Папараците ја „уловија“ Мајорга во друштво со мистериозен маж во близина на семејната куќа во Лас Вегас.

Откако се разви скандалот со португалската фудбалска ѕвезда, Кетрин Мајорга ја напушти работата како учителка и се повлече далеку од очите на јавноста. Неодамна во изјава за  „Шпигел“ таа откри дека страда од депресија и пострауматичен стрес.

Се вчитува...