Златан во елемент: Среќен Божиќ на вас и на вашите сопруги (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста по божиќната честитка што ја испрати преку својот инстаграм-профил.

Тој објави фотографија од еден свој тренинг во ринг, со истакнати стомачни мускули и порака: Среќен Божиќ на вас и на вашите сопруги!

Дел од машките фанови на Златан го критикуваа за ваквиот поздрав, но тешко е за верување дека ваквите коментари ќе допрат до Ибракадабра, чија самобендисаност секогаш била на највисоко ниво…

Се вчитува...