Злато и пет бронзи за каратистите на турнирот во Хрватска

Македонските каратисти освоија еден златен и пет бронзени одличја на Интернационалниот карате турнир „Подравина-Ѓурѓевац опен 2017“ во Хрватска.

Абдурахим Идризи во јуниорска конкуренција (-55 кг) се закити со златниот медал, додека во кадетска конкуренција (-52 кг) по минималниот, пред се несреќен пораз, освои бронза. Давид Рамадановски (-63 кг) освои две бронзени медали во кадетска конкуренција и во отворената категорија, додека Михаил Спасовски во опен категоријата за помлади кадети освои бронзен медал.

Исто така и Кристијан Вошковски се закити со бронза во кадети во категоријата до 52 килограми. Данило Божовиќ и Даријан Тасевски за малку останаа без медал, како и Димитар Лозански.

На турнирот учествуваа над 700 натпреварувачи од 68 клубови од осум европски земји.

Се вчитува...