Ѕвездата на Сити се почести со автомобил од 250 илјади евра (ФОТО)

Џек Грилиш за успешната сезона во која со Манчестер Сити ја освои Премиерлигата и ФА Купот, а може да стигне и до титулата во Лигата на Шампионите веќе се почести со луксузен автомобил. Станува збор за Ламборџини „Performante Urus“ кој чини 250 илјади евра, односно нешто помалку од неговите неделни примања (266 илјади евра).

Сепак Грилиш ќе мора да додаде некое евро плус со оглед на персонализацијата. Луксузниот автомобил кој има 650 коњски сили одговара на боите на Манчестер Сити, а на него работел Јани Хараламбус, човек познат по прилагодување на автомобили за славни.

Се вчитува...