Сане ќе отсуствува седум недели, ги пропушта дуелите со Арсенал и Базел

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола потврди дека Лирој Сане ќе паузира до седум недели поради повредата која ја заработи против Кардиф. Лигаментите на зглобот настрадаа по еден неспортски старт врз Германецот, што го спречува да помогне на својот тим во важните моменти сезонава.

Се претпоставува дека Сане ќе пропушти до 12 натпревари за „граѓаните“, меѓу нив поважни се два дуели со Арсенал – еден од нив е финалето во Лига купот, како и осминафиналната пресмека во ЛШ против Базел.

Добив потврда од мојот медицински тим, Сане ќе отсуствува шест до седум недели, што е голема загуба за нас“, истакна Пеп.

Сане е еден од главните актери за добрите игри на Сити сезонава, на 33 меча во сите натпреварувања 11 пати се запиша во листата на стрелци, додека асистираше на 14 погодоци.

Се вчитува...