Таеквондо камп во Охрид, со најдобрите од овој спорт во Македонија

Македонската Таеквондо Федерација под водство на претседателот Борче Костовски организира десетдневни тренинг камп подготовки „ОХРИД 2020“ (28 јули до 7 август), за репрезентативните национални тимови во сите возрасни селекции на кој земаа учество тренерите и најдобрите натпреварувачи (репрезентативци) од клубовите членки на МТФ: ТК Хваранг Фист Охрид, ТК Корио, ТК Бутел, ТК Кобра, ТК Тигри, ТК Борец, ТК Годел, ТК Илинден.

МТФ ги покри сите трошоци на вкупно 30 репрезентативци кои во минатите две натпреварувачки години остварија успешни резултати кои ни даваат за право да потврдиме дека станува збор за квалитеттни репрезентативни тимови кои ветуваат многу. На овој камп присутни се и европскиот шампион Дејан Георгиевски, европскиот медалист Филип Додевски, светскиот медалист Анамарија Георгиевски, сениорските балкански шампиони Коки Георгиевски и Марко Стевиќ, успешните Мила Релиќ, Дамјан Трајковски, Филип Стаменов, Филип Јосифовски, Марко Аврамовски, Фросина Рајковска, Дебора Брњарчевиќ и други.

Македонската Таеквондо Федерација подготвува сериозна тренинг програма за идните предизвици во овој олимписки спорт, програмата ѓи опфаќа секако сите старосни категории, но е со фокус на сениорскиот тим кој сериозно се бори да донесе олимписки норми.

Се вчитува...