ЧСМ Букурешт славеше во големата дерби пресметка со Динамо Букурешт со убедливи 33-20, меч во кој македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски имаше главна улога. Шампионот Динамо во првото полувреме добро му парираше на тимот на Георгиевски што заврши со резултат 16-13, за потоа ЧСМ во вторите 30 минути да го збршише лидерот на табелата.
Токму македонското десно крило беше клучен играч на овој дерби дуел, постигнувајќи шест гола од исто толку обиди. За ЧСМ ова беше четврта победа (трета во низа) сезонава, со што се искачи на четвртото место на табелата. Лидер останува Динамо Букурешт, за кого ова беше прв пораз по шесте победи во низа од стартот на новата сезона во романското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА