Кире Лазаров не беше во составот на Нант кој загуби на гопстувањето кај Данкерк со 30-22, во натпреварот од 4.коло во Франција. Според информацијата објавена на клупскиот сајт на Нант, македонскиот бек не настапил на денешниот меч поради стомачни проблеми. Освен Лазаров, во состав на Нант ги немаше уште и Оливие Ниукас и Николас Клер, но на теренот одново се врати Доминик Клајн.
За Нант ова е трет пораз во серија. Претходно тимот на Лазаров загуби од Монпелје во француското првенство, а потоа беше поразен и од Барселона во натпреварот од Лигата на шампионите.
По пет кола, Нант има три победи и два порази и со шест бода моментно се наоѓа на 6.место на табелата во француското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА