Металург го загуби дуелот со ППД Загреб (26-32) во рамките на 5.коло . „Металурзи“ беа рамнопревен противник во поголемиот дел од натпреварот, но не издржаа во финишот во кој хрватскиот првак ја направи решавачката предност. Дополнителен хендикеп за Металург беше повредата на капитенот Филип Кузмановски кој се пожали на болки во скочниот зглоб.
„Одигравме добар натпревар во кој пруживме достоен отпор на противник каков што е Загреб. Тие се моментно и подобра и поискусна екипа од нас и заслужено победија. Ние може да бидеме задоволни што добро париравме во одредени периоди од натпреварот и се враќавме од минус три на нерешено. Но, повредата на Кузмановски во првиот дел, за нас беше голем хендикеп. Имаме кратка клупа составена од пионери и тешко беше да се одржи тој ритам“ – изјави по натпреварот Александар Јовиќ кој во отсуство на Лино Червар, го предводеше Металург од клупата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА