Стефан Јестовски од денеска повеќе не е член на Локомотив Пловдив откако бугарскиот прволигаш и македонскиот интернационалец потпишаа спогодбен раскин на договорот.
„Стефан Јестовски во иднина нема да биде дел од нашиот тим. Му благодариме за се досега и му посакуваме многу среќа во иднина на професионален план“ – се вели во соопштението на Локомотив Пловдив.
Станува збор за играч кој при настапите за Металург важеше за голем талент на македонскиот фудбал и беше дел од младите селекции на националниот тим. Во тој период сериозен интерес за неговите услуги искажуваа Работнички и Вардар, Јестовски сепак се реши за преселба во Бугарија и од крајот на 2015 година го носеше дресот на Локомотив Пловдив.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА