Во Широки Брег цела ноќ „лудило“ по победата во Скопје (ВИДЕО)

Широки Брег се пласираше во АБА1 лигата откако во финалето беше поуспешен со 2-0 во серијата против македонскиот ТФТ Скопје.

Во вториот натпревар во Скопје, по голема драма, Широки победи со 86-87 и го обезбеди трофејот од регионалната АБА 2 лига, и настап следната сезона во АБА1 лигата.

А, ден по победата во Скопје, кошаркарите на Широки пристигнаа дома. И покрај студеното и ветровито време, голем број граѓани на Широки Брег ги пречекаа своите херои.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SportSport (@sportsportba)

Повеќе од една деценија, поточно 12 години, Широки Брег чекаше пласман во АБА лигата.

Сега го постигнаа тоа на теренот. Широки конечно стигна до трофејот што му недостасуваше и ја освои АБА 2 лигата за прв пат во својата историја.

По 12 години, тие се враќаат во друштво на најдобрите во регионот.

Се вчитува...