Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, зборуваше по елиминацијата на неговиот тим од плејофот во НБА, кој заврши со сезоната само по првото коло во кое загуби од Минесота со 4-2 во серијата.
Јокиќ го заврши натпреварот со 29 поени (11/19 од поле, 1/5 за три, 5/6 од пенал) со 10 асистенции и девет скока, но и четири изгубени топки.
„Руди е голем човек, не направивме добра работа, тие имаа 19 офанзивни скока. Губевме многу топки, тие играа добро со нас. Морав да играм подобро, ми требаше подобар ритам. Особено во првите три натпревари. Требаше да бидам подобар, тие дефинитивно беа подобри во оваа серија“, рече Јокиќ.
Тој беше прашан и дали исходот од оваа сезона ќе влијае на неговата одлука да остане во Денвер.
„Сè уште сакам да бидам во Денвер засекогаш“, одговори Јокиќ, кој беше запрашан и дали Денвер Нагетс го очекува бурно лето.
„Едноставно бевме елиминирани во првото коло. Мислам дека сме далеку од тоа што треба да бидеме. Тоа не е моја одлука. Дефинитивно, да бевме во Србија, сите ќе бевме отпуштени.“
Јокиќ не го обвинува тренерот Дејвид Аделман за елиминацијата и начинот на игра.
„Не е негова вина што не ја контролиравме топката, нема што да се обвинува Аделман, само наша вина е. Имавме 54 победи, бевме трети, сега имавме проблеми со повреди. Не знам, најдовме начин да победиме на некои натпревари, но не сакам да се оправдувам со повредите за фактот што не се пласиравме понатаму“, рече Никола Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
