Јанакопулос повторно дивееше – Атаман во шок: „Шпанците сакаат да го уапсат!“ (ВИДЕО)

Ергин Атаман изјави дека шпанската полиција сака да го уапси Димитрис Јанакопулос.

Вистински спектакл имаше на дуелот меѓу Валенсија и Панатинаикос, кој грчките кошаркари го добија со 107-105 благодарение на кошот на Најџел Хејс-Дејвис во последната секунда.

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, беше исклучен од натпреварот, а по сè, тренерот на Валенсија, Педро Мартинез, го нарече неговото однесување срамно.

Како што истакна синоќа по мечот тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, Димитрис Јанакопулос ќе биде уапсен денеска.

„Полицијата во Шпанија сака да ги уапси членовите на нашиот тим и Димитрис Јанакопулос. Луѓе од Валенсија ја испратија полицијата во нашата соблекувална, сакаат да го уапсат нашиот претседател“, рече Атаман.

Во телевизискиот пренос, не можевме ни да видиме зошто Јанакопулос беше исклучен и што ги налути Мартинез и луѓето од Валенсија.

Како што може да се види во приложеното видео, Јанакопулос се налути на играчите и тренерите на Валенсија. Прво се приближи до масата за запишување, а потоа оттаму непристојно покажа кон клупата на шпанскиот тим.

Се вчитува...