НФЛ ја „легализира“ марихуаната?

Челниците на НФЛ лигата и Асоцијацијата на играчи во НФЛ заеднички работат на истражување кое потенцијално би овозможило употреба на марихуана во терапијата на играчите.

Многу истражувања потврдуваат дека марихуана има лековити својства и помага во лекувањето и на најтешки болести, но употребата на ова наркотичко средство официјално е забранета во сите спортови.

Од друга страна, јавна тајна е дека голем број играчи што настапуваат во американскаат НБА и НФЛ лига, вклучувајќи и големи ѕвезди, конзумираат марихуана, најмногу поради тоа што казните за употреба на марихуана се парични, а суспензиите минорни.

Од НФЛ и порано покренаа сопствено истражување за можноста марихуаната да се употребува како терапија и чекаат официјален одговор.

„Се радуваме на соработката со Асоцијацијата на играчите на секоја тема која се однесува на здарвјето и на безбедноста на играчите“ – изјави извршниот потпретседател на НФЛ, Џо Локхард.

Иницијативата покрената од челниците наиде на различни коментари во јавноста, во поголем дел со негативна конотација.

nfl2

Се вчитува...