Жалгирис не дозволи „метла“ од Фенербахче

Кошаркарите на Жалгирис не дозволија „метла“ против актуелниот шампион Фенербахче откако вечерва во натпреварот три од плеј-офот славеа на домашен терен со 81-78 и со тоа намалија на 2-1 во победи.

Гостите од Турција освен тоа што го добија првиот период со 12-25, буквално не покажаа ништо од шампионскиот тим од минатата сезона, па на крајот литванската гордост со цврста игра заслужи да стигне до триумф од 81-78.

Tубелис со 26 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Вејд Болдвин заврши со 16 поени.

Се вчитува...