Рекордерот Гидсел и Милосављев го одведоа Фуксе Берлин на Ф4 во Келн

Германскиот Фуксе Берлин е првиот патник на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите откако по пенал серија славеше на Веспрем во натпревар од четвртфиналето.

Германците одлично играа во првиот дел се до моментот кога имаа плус шест 17-11, а промашија и празен гол за големи плус седум. Веспрем некако се разбуди и до паузата стигна на негатива од само два гола 17-15.

Во вториот дел Гидсел стрелаше за 26-24, ова за него беше 142 гол сезонава со што го урна досегашниот рекорд на Микел Хансен за погодоци во една сезона во елитното натпреварување.

Натпреварот влезе во неизвесна завршница откако на 30 секунди  Фуксе Берлин имаше плус еден (31-30) и напад за пласман на Ф4 во Келн. Гидсел направи грешка, а Мартиновиќ не реализираше во последниот напад па натпреварот замина во пенал рулетот. Таму Дејан Милосављев беше неверојатен и го одведе својот тим на Ф4.

Се вчитува...