Не може да мине ден без скандал во Реал Мадрид, откако на „кралевите“ им стана јасно дека повторно ќе останат без трофеј цела сезона, па сега се повеќе сме сведоци на препукување во ѕвездениот тим од шпанскиот главен град.
Половина екипа е во конфликт со тренерот Арбелоа (весникот „Марка“ објави дека најмалку шест првотимци воопшто не комуницираат со шефот на струката), во текот на вчерашниот ден Антонио Ридигр на тренинг го удираше левиот бек Карерас, а денеска дојде до нов сериозен инцидент – тепачка меѓу Валверде и Чуамени.
Се почнало за време на тренингот по еден груб старт, дошло до турканица што била раздвоена од соиграчите, но конфилтот се вжештил по враќањето во соблекувалната. Како што пишува мадридска „Марка“, дошло и до тепачка што траела најмалку дваесетина секунди пред соиграчите да влетаат и да спречат уште поголем инцидент.
Веќе станува очигледно, Арбелоа нема никаков авторитет за да ги спречи тензиите во играчкиот кадар, а додека трае потрагата по нов тренер, ваквите ситуации за жал ќе се множат, уривајќи го реномето на најтрофејниот европски клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
