Челси активно ја следи ситуацијата околу Рос Баркли од Евертон и Алекс Окслејд Чембрлен од Арсенал. Конте се уште не заврши со ангажманите за ова лето, Италијанецот посакува уште најмалку три засилувања, а меѓу нив да има и еден англиски репрезентативец.
За Баркли нема место во Евертон, а и самиот фудбалер посака да го напушти „Гудисон парк“. Единствен проблем е цената, бидејќи Евертон бара 50 милиони фунти, но досега стигнуваа понуди не поголеми од 30 милиони фунти. Летово во Челси пристигна Тиму Бакајоко како засилување за средниот ред, но Конте бара уште еден играч за врска бидејќи сезонава ќе настапуваат и во Лигата на шампиони.
Чембрлен пак, добива се помала минутажа кај Венгер, ниту пак може да се вклопи во новата тактика, па изрази желба да ја смени средината. Покрај Челси, Ливерпул исто така се интересира за неговите услуги. Сепак Арсенал не планира да се ослободи од Англичанецот, но фудбалерот ќе го има последниот збор, доколку некој клуб е подготвен да ислати 30 милиони фунти за него.
Конте исто така се распрашува и за Ренато Санчес. По пријателскиот натпревар помежу Челси и Баерн Минхен, Конте наводно разговарал со неговиот сонародник и колега, Карло Анчелоти, за евентуален ангажман на младиот Португалец. Но, нема да биде лесна мисијата, бидејќи уште неколку клубови конкурираат за неговиот потпис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА