Џек Вилшер по сите изгледи не е во плановите на Венгер за следната сезона, па фудбалерот има задача да најде нов клуб. За неговите услуги пристигна неочекувана понуда од Анталијаспор, поточно раководството на турскиот прволигаш испрати дознаење до одборот на клубот од Лондон за нивниот интерес кон Вилшер.
„Да, точно е дека ги известивме надлежните луѓе од Арсенал дека се интересираме за Џек Вилшер, и можам да кажам дека сме во преговори. Засега Арсенал бара повеќе од колку што планиравме да платиме, но се надевам дека ќе најдеме компромис“, истакна претседателот на клубот, Али Сафак Оштурк.
Вилшер има уште една година од договорот со Арсенал, а клубот се надева дека ќе успее да заработи од неговата разделба, отколку да го пушти како слободен играч. 25-годишниот фудбалер е желба и на Вест Хем и Сампдорија. Билиќ го бара Вилшер на позајмица, додека Сампдорија испрати понуда околу девет милиони евра со севкупните бонуси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА