Американската антидопинг агенција (УСАДА) суспендираа 60-годишен атлетичар поради допинг. Неговото име е Скот Мекферсон, има 60 години и доби четиригодишна суспензија поради употреба на недозволени стимулативни средства.
Американецот е сениорски првак во две атлетски дисциплини на средни патеки – во брзо одење на еден и на три километри.
На Макферсон ќе му бидат одземени титулите и ќе мора да ги врати медалите бидејќи во примерокот од урината му е пронајден аналички стероид. Комисијата на УСАДА брзо реагираше и на ветеранот веднаш му додели четиригодишна суспензија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА