Жозе Мурињо ги отфрли гласините дека Давид Де Хеа ќе го напушти „Олд трафорд“.
Приказната за трансфер на шпанскиот голман трае веќе со месеци, а иако Реал Мадрид е подготвен да го одврзе ќесето за негово доведување, се чини дека од заминување за Манчестер јунајтед нема да има ништо. Барем ако може да му се верува на менаџерот на Јунајтед…
„Ви гарантирам дека Де Хеа нема да го напушти тимот. Ние ја подотворивме вратата за негово заминување, но Реал тогаш ја затвори. Веќе нема простор за менување на ставовите, Де Хеа останува кај нас“ – истакна Мурињо за „Би-би-си“, дополнувајќи дека голманот нема загарантирано место во првите 11.
„До минатата сезона тој беше сигурен стартер и јасен избор. Но, како Ромеро бранеше минатава сезона, Давид сфати дека ќе треба многу повеќе да се потруди за стартното место“ – вели Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА