Манчестер сити повторно се ослободи од Џо Харт, испраќајќи го англискиот репрезентативен голман на едногодишна позајмица во редовите на Вест хем. „Граѓаните“ се обидуваа да најдат купец за Харт, но не успеаја во намерата поради преголемата плата од 175.000 фунти неделно што голманот ја има загарантирано со договорот потпишан со Сити непосредно пред доаѓањето на Пеп Гвардиола.
Во една таква ситуација, Вест хем се согласи да плати 4,5 милиони фунти за услугите на Харт (следното лето може да го откупи договорот за 10 милиони фунти), но Манчестер сити се уште ќе плаќа 120.000 фунти неделно на име плата на голманот, додека „чеканите“ ќе ги исплаќаат само преостанатите 55.000 фунти неделно.
Вест хем во текот на утрешниот ден би требало да комплетира уште еден трансфер, финиширајќи ги преговорите за екс-голгетерот на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, Мексиканецот Чичарито Хернандез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА