Авионските трки стигнаа до првата европска станица (ФОТО)

Распослана меѓу впечатливиот мост „Ланчид“ и зградата на унгарскиот парламент, патеката за Red Bull Air Race трката во Унгарија во исто време е и убавица, но и „ѕвер“. Како прва европска трка во 2017, но четврата станица од календарот за оваа сезона, таа ќе биде критична точка за пресметката за чешкиот ас Мартин Шонка, кој на оваа трка ќе ја има поддршката од публиката, како што тоа беше случај на претходниот настап во Јапонија, кога триумфираше новата азиска пилотска ѕвезда, Јошихиде Муроја.

Обожавателите на овој летачки спектакл уште од 2004 година ги окупираат бреговите на Дунав покрај некогашните два града, Буда и Пешта, за да ја гледаат акијата што се случува со 370 километри на час. Но оваа локација сè уште приредува изненадувања. Оваа година, пилотите ќе се соочат со нов стратешки предизвик: наместо да ја проучуваат поставеноста на патека, организаторите подготвије две: секоја нова и дизајнирана да се справи со можноста за варијации на нивото на водата во реката Дунав.

Последниот избор ќе биде направен според условите што ќе бидат забележани на само неколку дена пред трката. Дали учењето на две патеки ќе создаде и двојна тензија? Додека Шонка победи на првата трка во сезоната, двете последователни победи на Муроја, вклучувајќи го и домашниот триумф во Чиба, му го обезбедија првото место на табелата. Сепак, и двајцата пилоти имаат по точно 30 поени, а неверојатно истрајниот Матијас Долдерер од Германија, кој е актуелен светски шампион, заостанува зад нив за само седум поени.Уште еден чешки натпреварувач, Петр Копфстајн, направи скок на четвртото место во генералниот пласман со финиш на подиумот во Чиба, додека „гладната глутница“ од преостанатите пилоти кои што се групирани  близу зад нив ќе бидат нетрпеливи да го направат својот лет нагоре во табелата пред да биде предоцна.

avionski trki

ГЛЕДАЈТЕ ВО ЖИВО

Саботните квалификации се предвидени да започнат во 16 часот, додека спектаклот од три рунди во кои побавните пилоти испаѓаат се додека не се добијат најдобрите четири, ќе биде на програмата в недела од 14 часот. Натпреварувањето ќе се емитува во живо преку веб страната www.redbullairrace.com и на Red Bull TV. Red Bull TV е достапен на поврзаните телевизиори, играчките конзоли, мобилните и други уреди. Дознајте повеќе не about.redbull.tv.

Календар на преостанати трки во 2017 година:

22-23 јули, Казан, Русија

02-03 септември, Порто, Португалија

16-17 септември, Лаузиц, Германија

13-14 октомври, Индијанаполис, САД

Се вчитува...