Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски не можеше да ги сокрие емоциите по освојувањето на шампионската титула со Ријека во хрватскиот шампионат.
Солзи радосници не можеше да сокрие Ристовски, кој заедно со Леонард Жута, се запишаа во историјата на Ријека со првата шампионска титула за титула во 71-годишната историја.
„Се уште не можам да верувам, се уште плачам. Ова е нешто неверојатно, нешто за кое сонува секој фудбалер, посебно кога се слави историски момент и во една ваква атмосфера каква што е оваа“ – вели Ристовски за миговите славје во Риека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА