Музафер Ејупи беше во главна улога на вечерашниот натпревар меѓу Осијек и Славен Белупо што домашниот тим го доби со 3-0.
Македонскиот голгетер го отвори резултат во 9. минута, а по голот на Лопа за 2-0, Ејупи повторно се запиша меѓу стрелците на стартот од второто полувреме, кога од пенал беше прецизен за водство на Осијек од 3-0. Тој доби идеална шанса за хет-трик откако беше досуден уште еден пенал за Осијек, но овојпат Ејупи не беше на висина на задачата, па остана на само два постигнати гола на оваа средба. Покрај напаѓачот, сите 90 минути за тимот на Осијек ги одигра и Милован Петровиќ.
Осијек со овој триумф има 62 бода, исто колку и Хајдук во трката за третото место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА