Македонскиот интернационалец од редовите на Славен Белупо, Мирко Ивановски го запиша и осмиот свој погодок во хрватскиот шампионат сезонава.
Ивановски погоди од пенал во поразот на Славен Белупо од 3-1 на гостувањето против последнопласираната Цибалија.
Музафер Ејупи, пак, одигра 80 минути во победата на Осијек од 2-1 против Интер Запрешиќ во првиот натпревар од 29. коло во Првата хрватска лига.
Ејупи, кој досега има 12 гола зад своето име, не успеа да се запише во листата на стрелците. Но, Осијек цврсто граби кон европската сцена, сега со шест бода издвојувајќи се на третата позиција пред Хајдук кој утре од 15 часот го игра големото дерби против Динамо Загреб на „Максимир“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА