Како Васил Рингов се нашол во проблеми поради „мустаќите на Гоце Делчев“ (ВИДЕО)

Најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК е посветена на легендата на Вардар и македонскиот фудбал, Васил Рингов, кој на крајот од минатата година го напушти, помалку неочекувано, овој свет.

А, гостин во специјалната епизода посветена на животниот пат на Васил Рингов е истакнатиот македонски новинар и публицист, Срѓан Ивановиќ, автор токму на биографијата за фудбалската легенда – „Фудбал под сенка“, која излезе постхумно.

Меѓу бројните теми поврзани со ликот и делото на Васил Рингов, Ивановиќ ja раскажа и приказната, која е опишана и во неговата биографија, дека Рингов секогаш носел одредена „пизма“ кон медумите, поради непријатностит кои ги доживувал. Една од нив поврзана и со „мустаќите како на Гоце Делчев“.

„Неговата пизма кон нашата новинарска професија трае уште од самите почетоци. Значи, не еднаш бил изигран од новинарите и не еднаш бил доведен во ситуација да се извинува некому. Е, да почнеме кога оделе за Австралија, биле снимани од Македонското радио, значи, тоа е почетокот на осумдесетите години, бил замолен да им се претстави на нашинците во Австралија и да каже кој е, како е. И тој рекол, јас сум Васил Рингов, играм на таа и таа позиција, го носам тој и тој број на дресот, и ќе ме познаете полесно по моите мустаќи. За тука колегата новинар да додаде, „а мустаќи како Гоце Делчев“ – раскажува Ивановиќ и дополнува:

„И сега, кога тој доаѓа во Австралија, тоа од денешна гледна точка нема ништо страшно, ама сега зборуваме за време во Југославија кое, не дека било тоа забрането, таман работа, но тоа ниво на популарност на таков еден начин, тоа мноу големи проблеми носело. И, тој кога доаѓа во Австралија го пречекуваат илјадници наши иселеници кои не го виделе никогаш во животот, со огромно знаме: Слика од Гоце Делчев, а долу пишувало Васил Рингов. И сега тоа него, по враќањето во земјата му донело многу непријатности“.

МНОГУ ПОВЕЌЕ ЗА ЦЕЛАТА ОВАА ПРИКАЗНА, И ЗА СИТЕ СЛУЧУВАЊА ЗА ВРЕМЕ НА СУДЕЊЕТО ВО СУДНИЦАТА, МОЖЕ ДА ПРОЧИТАТЕ ВО БИОГРАФИЈАТА НА ВАСИЛ РИНГОВ – „ФУДБАЛ ПОД СЕНКА“ КОЈА МОЖЕ ДА СЕ НАЈДЕ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ НА ЛИТЕРАТУРА

==================================================

ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ ПОСВЕТЕН НА ВАСИЛ РИНГОВ МОЖЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ ТУКА….

Се вчитува...